568
Руската новинска мрежа „Раша тудеј“ направи гаф во известувањето за вчерашната средба на премиерот, Зоран Заев, со германската канцеларка, Ангела Меркел. Според вестите на германски, Меркел се сретнала со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов.
Подоцна вестите беа корегирани, но неколку часа по завршувањето на прес конференцијата, во насловот на видеото се уште стоеше дека Меркел се сретнала со Иванов.