628
Австралиски глумец од новозеландско потекло, Расел Кроу моментално е во Рим каде се подготвува да го игра главниот егзорцист на Католичката црква, отец Габриел Пјетро Аморт. Најпознатиот гладијатор на сите времиња има главна улога во филмот „Егзорцистот на папата“, филм во режија на Џулиус Ејвери.
Актерот на социјалната мрежа на Твитер се пошегува објавувајќи фотографија со опис:
„Ги носам децата да ја видат мојата стара канцеларија“.
Кроу се подготвува за улогата на ватиканскиот отец Габриел Пјетро Аморт, кој напишал два мемоари врз основа на неговото искуство со истерување на демони за католичката хиерархија. Свештеникот извршил над 100.000 егзорцизми и доживеал да раскажува за нив. Тој почина во 2016 година на 91-годишна возраст.