51
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц.(29) од Косово, В.А.(25) од Скопје, М.С.(31) од Скопје, Б.Ш.(33) од Косово, Д.К.(26) од Косово и Е.А.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.
Пријавениот Е.А. на 21.02.2024 во СВР Скопје лажно пријавил кривично дело одземање на моторно возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговиот брат М.А..
После тоа, на 15.03.2024 на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, пријавените со возилото „ренџ ровер“ удриле во возилото „фолксваген пасат“ на С.С.(63) од Куманово, по што со закана со огнено оружје му одзеле торба со вкупно 7.512.170 денари во разни странски валути.