0
СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска „убиство во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, а првопријавениот им упатил закани со остар предмет.
Подоцна на друга локација во Струмица првопријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот на Ѓ.Ѓ. од Радовиш.