788
Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се 2.216 случаи со корона вирус. Починаа осум пациенти од последиците на Ковид-19.
На респиратори се 44 пациенти, а во болница се лекуваат 1.007 лица. Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во Србија се регистрирани 746.366 случаи со овој вирус, а тестирани се 4.931.082 лица.
Како последица на корона вирусот, од компликации досега починаа 7.226 луѓе.