Слушнав истрели, но мислев дека се петарди. Влегов внатре и видов дека лежи во крв.. И двајцата не ги видов каде истрчаа, само еден, рече еден од очевидците на егзекуцијата утринава во кафулето на бензинска пумпа во Рушње, кај Белград.
Како што дознава Курир.рс се слушнале 5-6 истрели.
Ранко Радошевиќ попознат како „Ескобар“ (54), наводен член на криминалното подземје од Никшиќ и наводен близок соработник Јован Вукотиќ (водачот на Шкаљарскиот клан) беше убиен утринава додека пиел кафе.
„Овде сум редовен гостин, влегов и седнав на масата, и видов пријател кој беше свртен кон вратата од кафулето и се фрли на подот. Потоа легнав зад фотелјата, не знаев кого напаѓаат, да се заштитам од куршумите. После тоа гледав само силуети како си заминуваат“ – изјави еден од очевидците.
Радошевиќ бил убиен пред 20-тина сведоци, а според неофицијални информации, убијците испукале 5 куршуми погодувајќи го во телото, а потоа уште два куршуми во главата.
„Ескобар“ бил редовен гостин во кафулето на бензинската пумпа и секој ден доаѓал на кафе, приближно во исто време.
Телото на убиениот е однесено нешто по 14 часот, пишува Курир.рс.
Очевидци дадоа опис на напаѓачите – двајца облечени во црно, со качулки на главите и хируршки маски на лицата.
, застрелале жител на Никшиќ додека пиел кафе во кафуле на бензинската пумпа во Рушање, каде што најчесто доаѓал да пие кафе.
Надзорните камери ги снимиле двајцата напаѓачи. Едниот во тренерка и црно-бел блузон со црна качулка. Другиот во фармерки и зимски чевли, со зимска јакна со крзно.