Вчера сите медиуми ја пренесоа веста дека Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) паднал 100 места на ранг листата на универзитети во светот и сега се наоѓа на 1.594-то место.
Сепак, се работи за друг вид на рангирање, а не за она на Шангајската листа. Станува збор за светската листа на универзитети на Webometrics Ranking of World Universities (Вебометрикс). Оваа листа ги оценува веб-страниците на универзитите, а не квалитетот на наставата.
Webometrics Ranking of World Universities, исто така познат како Ranking Web of Universities, е систем за рангирање на светските универзитети заснован на композитен индикатор кој го зема предвид и обемот на веб-содржината (број на веб-страници и датотеки) и видливоста и влијанието на овие веб-страниците според бројот на надворешни линкови (цитати на сајтови) што ги добиле.
Рангирањето го прави Cybermetrics Lab, истражувачка група на Шпанскиот национален истражувачки совет (CSIC) лоциран во Мадрид.
К.С.Б.