„Јас би ја нарекол недолична и примитивна целата таа циркузијада во Овалната соба, без разлика за која страна станува збор за мои поими бесполезна и без потреба за двете страни, бидејќи ако не обидеме малку повеќе да ги цениме работиме во наша блиска историја, токму поради политиките на САД, таа експанзија на НАТО ја наведе Украина на војна“ изјави Иво Ранѓеловиќ, политичкиот аналитичар во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.
„Засега за 180 степени на Украина и велите дека никогаш нема да влезе во НАТО и дека мирот е поважен од се друго. Мислам дека чесно е да кажеме дека војната од еден таков континуитет на американската политика во изминатите 30тина години. За сега да дојде нов претседател кој има сосема друга визија, а до вчера се фрлани милијарди долари во оваа државата“ додаде РанЃеловиќ.
Тој рече дека вперувањето на прстот кон Зеленски кој условно кажано е неважна фигура во целава работа, претставува крчкање на чорбата од страна на САД, па и западот како една поширока парадигма.
Ранѓеловиќ смета дека за жал цената ќе ја плати Украина. Ваква каква што е политиката на Трамп,веројатно Украина ќе оди низ вода само за да се привлече вниманието за да се интегрира Москва кон Западот, или кон САД, но што подалеку од Кина, бидејќи Кина е најголемиот потенцијален непријател на САД во некој поларен свет, а најмалку што му треба на САД е Кина и Русија да бидат заедно.
извор: ТВ Телма