596
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова ја поздрави одлуката на Заев да ја постави Нина Ангеловска на местото министер за финансии.
„Пред се сакам да и честитам на Нина Ангеловска за новата функција. Многу од луѓето се прашуваат – кое е девојчето кое ќе располага со државната каса. Јас се надевам дека сте доволно ачик и забележавте дека економската состојба не е добра. Економски не блескаме а имаме краток рок да покажете на ова поле и да ги исполните вашите ветувања. На Македонија и треба реална економија“, рече Ангелова.