460
На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за формирање нов извршен комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ, а пратеничката Даниела Рангелова, била повторно избрана да го предводи новиот состав на Унијата на жените на партијата.
„Ми претставува задоволство и чест што имам можност и одговорност да го предводам и новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените. Сакам да му се заблагодарам на претходниот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените за нивната работа и успеси. Единствени и силни продолжуваме да чекориме напред!“, напиша Рангелова на својот фејсбук профил.