Рангелова меѓу тројцата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се против предвремени парламентарни избори

by Fokus

Тројца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не се потпишале на иницијативата за распуштање на Собранието, вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа, кое во целост ќе биде емитувано во недела. Пратеничката Даниела Рангелова, која е една од тројцата што одбиле, вели дека партијата не требала да се занимава со ефтини политички игри и трикови.

„Триесет и тројца се потпишаа на барањето, двајца се службено отсутни, еден знаете дека се наоѓа на локација во Будимпешта и да бидам прецизен тројца не го потпишаа барањето”, вели Мицкоски.

Тој не одговара на прашањето кои се тие тројца нагласувајќи дека не сакал да ги именува. Дента кога е поднесена иницијативата до Собранието, собранискиот спикер Талат Џафери како отсутни на пленарната седница ги споменува пратениците Иван Иванов, Никола Попоски и Крсто Јовановски.

Поврзани новости