Поранешната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка, Даниела Рангелова во интервју за Цивил зборува за состојбите во партијата. Таа прави и споредба меѓу сегашниот и поранешниот лидер.
-Во однос на тоа какви политики сме имале со Груевски, можам да кажам дека сум знаела да станам и да критикувам, а за тоа не сум била масакрирана на социјалните мрежи. Луѓето не веруваат кога ќе им кажеме дека Груевски имал поголем демократски капацитет од Христијан Мицкоски. Бидејќи, еве јас можам јавно да кажам дека, кога требаше да имаме 40 отсто жени како кандидатки на советничките листи, дел од колегите од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, коишто не би ги именувала, не сакаа жени да ги бираат жените, туку во рамки на комитетите.
Јас побарав, а Груевски ми го дозволи тоа. И сега кога ќе направам една паралела, една споредба како сме се однесувале тогаш и како сега, јас извршните комитети на Унијата на жените ги формирав сама, без сугестии.Груевски никогаш не ми рекол „постави ја оваа жена да биде дел од раководството“, за разлика од Христијан Мицкоски кој сака стопроцентно да ја владее партијата, и си дозволува да ви каже „овие и овие жени ќе бидат“, вели Рангелова.
Таа додава дека Христијан Мицкоски сака да ја контролира партијата.
-Тоа е карактер, не можам да му замерам во однос на тоа, но сепак мислам дека демократските капацитети, колку и да изгледаат поинаку однадвор, Мицкоски ги нема, заклучува Рангелова.