Рангелова: Да не молчиме како полицајката Јасмина!

by fokus

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во својот говор на настанот во организација Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави пратеничката Жаклина Пешевска, која беше присутна во салата, а неодамна беше во притвор како осомничена за „крвавиот четврток“.

– Почитувани мои членки на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ сакам од срце да упатам благодарност до секоја од вас, која во моментов е доследна на себе и на Организацијата, на секоја од вас која храбро го издржува секој удар на денешницата и сакам да ја поздравам Жаклина Пешевска која денес е со сите нас. Особено ми е драго што таа денес е со нас тука и што продолжи да оди и да чекори по патот кој што го имаме зацртано. Верувам дека правдата ќе излезе на виделина. Верувам во правосудниот систем и верувам дека Жаклина ќе го докаже тоа за кое што има докази и факти, рече Рангелова.

Таа порача жените да не молчат веќе како полицајката Јасмина, бидејќи денес е Јасмина, утре таа, а задутре сите.

– Ги охрабрувам и невладините организации погласно да зборуваат за ова. Да кажеме не за насилството врз жените! Да иницираме законски решенија за еднакви месечни приходи и плати подеднакво и за мажите и за жените. Да ја извадиме македонската рурална жена од маргинализираната положба. Да иницираме законски решенија, да се зголеми економската поддршка за жените од неразвиените подрачја. Да не дозволиме веќе ни едно девојче да биде жртва на насилство, како што се случи во домот за деца без родители “25-ти мај“, рече Рангелова.

 

Поврзани новости