467
Носителот на независната советничка листа во Кичево, Алит Абази во кој беше пукано вчера е во критична состојба. Лекарите го држат во вештачка кома.
Абази на скопските клиники се бори за живот, има тешки повреди на рбетниот мозок и рбетниот столб, а сериозни оштетувања има и на внатрешните органи и крвните садови, објави Телма.
– Се следи неговата состојба секој момент, во моментот е на аспиратор, на вештачко дишење, во вештачка кома во која планираме да го држиме до утре за да можеме да бидеме сигурни дека пацинетот е стабилен и полека, полека да го разбудиме од анестезијата – вели Илир Хасани, Клиника за трауматологија.
Човекот кој со пиштол пукал во него заработи кривична пријава за обид за убиство и за поседување оружје.