Во СВТ Тетово вчера е пријавен несекојдневен случај на повредување на ловџија од селото Жеровјане. Инцидентот се случил во месноста „Стенечки борови“, атар на тетовско Стенче.
-Вчера (18 декември) во 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека М.И.(69) од тетовско Жеровјане, во месноста „Стенечки борови“, атар на тетовско Стенче, каде бил на лов со уште три лица, сам се повредил во десното стапало. Според пријавеното, тој неговата ловечка пушка ја оставил до возило, а кога било стартувано возилото, пушката се лизнала, паднала и испукала еден проектил кој го погодил М.И. во стопалото. Тој бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информираат од СВР Тетово.
На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Полицијата ќе презема уште мерки со цел да се расчистува и документира случајот