Рамос пред тешка суспензија поради навреда кон судијата

by Фокус

Фудбалерот на француски ПСЖ Серхио Рамос се соочува со долга суспензија поради навреда на судија.

Триесет и шестгодишниот шпански дефанзивец во првото полувреме од натпреварот во француската Лига 1 со Ремс (0:0) набрзина доби два жолти картона, што значеше автоматски црвен, поради расправии со судијата Пјер Желуст.

Според „RMC Sport“, судијата својот извештај по натпреварот посочил дека Рамос протестирал поради неговите одлуки, но тој не ја забележал навредата.

Благодарение на снимката од ТВ каналот Канал +, беше можно да се утврди дека Рамос судијата го нарече „копиле“.

Поврзани новости