612
Велија Рамковски најавува дека ќе ја обнови телевизијата А1, бидејќи тоа го очекуваат гледачите, кои уште ја носат во срцата, вели тој во интервју за утрешниот број на „Слободен печат“, пренесува „Плусинфо“.
Рамковски открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него ги минаа македонските гулази Шутка и Идризово, како и храбрите новинари кои се бореа против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, додека новинарите ќе имаат со статут загарантирана уредувачка автономија.