Рамковски најави враќање на А1 телевизија

by fokus

Велија Рамковски сопственик на поранешната  А1 телевизија, во интервју за  „Стадион“ на Радио Канал77, најави обвнова на некогаш најгледаната телевизија.

„И по толку години, гледачите не заборавија на „А1“, која и денес е неопходна. На А1 рекламите чинеа 25 евра по секунда, сега највисоката цена е едно евро. Тоа враќање би било во друга форма. Сега со техничко-технолошките промени интернетот, социјалните мрежи, кабелските мрежи може и полесно да се стигне до новите гледачи. Луѓе секако ќе има – и од старата екипа и нови, млади. Мислам дека и пари, кои јас лично ги немам, ќе се најдат, има заинтересирани“, истакна Рамковски.

Рамковски зборувајќи за седумте години поминати во затвор нагласи дека бил подготвен да попушти ако тогашниот премиер Никола Груевски му шепнел дека ќе удри на семејството.

Поврзани новости