Рамковски: Еднаш Груевски ми рече дека луѓето умираат, а спомениците остануваат

by Фокус

Поранешниот прв човек на некогашната А1 телевизија, Велија Рамковски, денеска имаше емотивна исповед за, како што рече, тортурата што ја доживеал тој, неговата фамилија, но и целата телевизија во време на владеењето на екс-премиерот Никола Груевски. Иако поминаа многу години од затворањето на телевизијата и прогонот на неговото семејство, сепак, тој вели дека е исплашен дека груевизмот се уште е длабоко во институциите.

-Груевски не беше задоволен како работат новинарите од телевизијата. Имавме повеќе судири со Груевски. Еднаш ми рече: „Луѓето умираат, спомениците ќе останат“. Во август 2010 година беше расцепот со него, а до крајот не уапсија цела фамилија. Ме пикнаа во затворот Шутка. Не можев да дишам, не можев ѕвездите да ги видам од рефлекторите. Секој ден имаше претрес, цинички ме малтретираа. Битката за да опстанеш жив е тешка. Ниеднаш додека шетав во затворот во тие 28 месеци, не ја видов ќерка ми Емел. Јас се радував на судењата, затоа што таму можев да ја видам. Но, издржавме се, ама груевизмот е длабоко во институциите. Сега сум малку исплашен, груевизмот е уште силен. Сите треба да сме уплашени – истакна Рамковски.

Ј.Ц.

Поврзани новости