Рамиз Мерко го доби четвртиот градоначалнички мандат во Струга. Пораз призна неговиот противкандидат, Идри Истерфи од Алијанса на Албанците. Истрефи напиша: „Не успеавме“.
-Се боревме со сета енергија што ја имавме, но очигледно тоа не беше доволно за да ја добиеме Струга. Животот продолжува. Заедно со тоа и напорот да се направи најдоброто, за Струга, за генерациите што доаѓаат. Се ќе биде поправено по анализата за тоа каде погрешивме. Ваквиот развој на настаните никако не треба да влијае врз животот на обичниот стружанец. Но, сакам да ви се заблагодарам. Сакам да се извинам што не направив повеќе. Илјадници благодарност до вас. Ти си најдобар, напиша Истефи.
Претходно, пораз призна Теута Арифи од ДУИ, која му честиташе на нејзиниот противкандидат од Беса, Биљал Касами.