544
Собранието денеска во рамки на 99. седница беше информирано дека пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат. Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Државната изборна комисија (ДИК) е известена и дека треба да добијат информација кој пратеник од листата е следен и треба да дојде на местото на Рамчиловиќ.
ДИК во 13 часот ќе одржи седница на која се очекува да биде констатирано дека Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште, е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3 и треба да го замени Рамчиловиќ.