Рамчиловиќ стана пратеник на местото на идниот вицепремиер Николовски

by Фокус

Собранието вечерва го верификуваше мандатот на пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој доаѓа на местото на Љупчо Николовски, кој пак треба да биде дел од новата влада како вицепремиер за борба против корупцијата.

Исто така, беше констатирана и оставката на Радмила Шекеринска, која исто така ќе биде во новата влада како министер за одбрана, па се чека информација од Државната изборна комисија за името на новиот пратеник кој треба да дојде на местото на Шекеринска.

Претходно, Собранието ја констатираше оставката на мандатарот Зоран Заев.

Поврзани новости