Пратениците од опозицијата кои го овозможија отворањето на Уставот ќе гласаат воздржано за трите амандмани на Владата, најави на денешната собраниска седница пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.
-Ние осум пратеници кои овозможивме отворање на Уставот со цел интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, ќе гласаме воздржано во поглед на треите амандмани со цел да оставиме простор за јавна дебата за предлози. Потврда дека сите треба да се вклучат во овој процес е прифаќање на нашиот амандман со кој се гарантира македонскиот идентитет – рече Рамчиловиќ за четвртиот амандман и ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат овој амандман.
-Нашиот воздржан глас за трите амандмани е и потсетување дека процесот на уставните измени е врзан со процесот на простување и помирување. Со нашиот глас за отворање на Уставот се отвори дебата во која учестуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со што потврдија дека е потребна дебата – додаде тој.