714
Поранешниот пратеник, Исмет Рамадани во вечерашното гостување во ТВ 24 го искажа разочарувањето што луѓето кои го напаѓале Зоран Заев и СДСМ, дале поддршка за новиот градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
„Мицкоски верува во Груевски и се враќа груевизмот. Очекувајте дека ќе имам проблеми со меѓуетничките односи. Жално е што луѓе дадоа поддршка за една личност која се покажа дека има бугарско државјанство. Големи интелектуалци навалија на тоа да провејува омраза. Тие кои го напаѓаа СДСМ и Заев, тие дадоа голема поддршка на Арсовска“, рече Рамадани.