Рамадани: Германскиот бундестаг ги разбира нашите компромиси и не охрабрува да ја надминеме и последната пречка

by Fokus

Претседателот на Атлантскиот совет во Македонија Исмет Рамадани вели дека германскиот Бундестаг многу сериозно и реални ги опишува сите проблеми поминати во минатото на нашата земја на патот кон евроатлантските интеграции.

„Германскиот Бундестаг ги разбира нашите компромисни решенија во однос на апсурдните ставови на Бугарија, и не охрабрува да ја надминеме и последната пречка со измените во Уставот предвидено во преговарачката рамка со ЕУ“ , изјави рамадани.

Според него тие кои ја релативизираат оваа резолуција, имаат право на поинакво мислење, но немаат право да го доведуваат во прашање членството на Македонија во ЕУ.

„Ако се земе во предвид и влијанието на Германија во ЕУ и врз Бугарија, треба да ни биде јасно, а посебно на опозицијата, како да постапи во иницијативата за измени во Уставот. Искрената намера и респектабилен однос кон посебностите на македонскиот народ, дополнително не обврзува да ја завршиме нашата домашна работа“ вели Рамадани.

 

Поврзани новости