„Безбедносниот проблем на Западен Балкан можеби не е толку голем како проблемот на Украина, но не е толку мал за да се третира како неважен“.
Ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама во Вилнус, Литванија каде што се одржува Самитот на НАТО.
Рама изразил загриженост за ситуацијата на северот на Косово.
„Ме теши фактот што американскиот претседател Џозеф Бајден ја допре оваа точка во својот говор пред Советот, бидејќи безбедносниот проблем на Западен Балкан денес можеби не е толку голем како проблемот на Украина, но не е толку мал што тоа би се третирало како неважно“, порача Рама.
Според него, она што се случува е навистина вознемирувачко, особено во последно време, кога, како што вели, северот на Косово станал фокусна точка каде што опасноста од конфликт станува се повидлива.
„Додека дијалогот што го води ЕУ се однесува на двете страни, Белград и Приштина, има и трета страна која се однесува на создавање екстремни групи на северот на Косово“, тврди албанскиот претседател.