Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политиката треба да ја обедини земјата.
Во интервју за „Ал Џезира“, реализирано ден по гласањето на локалните избори, Рама се чини отворен за дијалог со опозицијата, која се откажа од изборите, но како што вели, за танго потребни се двајца.
– Политиката мора да ја направи својата работа за да ја обедини земјата. Но, се разбира, потребни се двајца да танцуваат танго. Се надевам дека нашите пријатели во опозицијата ќе разберат дека она што го направија беше катастрофа за самите нив, но иднината треба да се гледа со оптимизам, рече Рама.
И во изјавата доцна во неделата, по завршување на изборите, Рама рече дека е „опозицијата секогаш ќе има подадена рака, но за договор без условувања“. Тој додаде дека „доколку сакаат политички мир, ќе го имаат, но, за правосудната реформа нема преговори ниту дискусии.