Рама за објавените „бомби“:Тоа е кал што опозицијата го фрла врз Албанија

by fokus

Албанскиот премиерот Еди Рама ја обвини опозицијата дека на германскиот весник „Билд“ му доставила материјали од досијето 339,кои се однесуваат на прислушувани разговори, за тоа „како се купуваат гласови во Албанија во полза на владеачката Социјалистичка партија на Еди Рама“.

На средба со граѓани во Тирана, Рама сето ова го отфрла, смета дека е жртва на заговор и директно го обвинува поранешниот албански претседател и премиер и екс лидер на опозициската Демократска партија Сали Бериша велејќи дека е човек кој „фрла кал врз Албанија надвор од границите“.

-Ја направија парче Албанија без причина. Плаќаат, пишуваат, се расфрлаат со написи насекаде. Секаде има опозиција,но ни една држава нема ваква несреќа како што е Сали,-обвини Рама.

Поврзани новости