Рама: Влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина ќе има погубен ефект на регионот

by Fokus

Албанскиот премиер  Еди Рама  предупреди дека влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина може да предизвика погубен ефект врз целиот регион.

„Сите настани се поврзани и не можеме само да гледаме во нашата куќа и да си ја вршиме домашната задача без да внимаваме на она што се случува околу нас и без да се грижиме за разорните ефекти што може да ги предизвика натамошното влошување на ситуацијата, не само меѓу Косово и Србија, туку во целиот регион“, предупреди Рама, пред средбата со европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Премиерот на Албанија смета дека со дијалог може да се дојде до решение за проблемот – но дека тој продолжува во континуитет додека не се најде решение.

„Се надевам дека идејата на конференцијата на највисоко ниво е да предизвика интерес, со цел да ги донесе лидерите на двете страни со нивните тимови, како и тимовите на ЕУ и САД, и да не ги оставиме да си заминат без да постигнат договор или, од друга страна, да ги сноси сите последици кои би биле многу тажни за сите нас“, предложи Рама.

Тој изрази задоволство од ослободувањето на тројца косовски полицајци од затворот во централна Србија и додаде дека време е за деескалација.

„Не смееме да дозволиме оваа ситуација да влијае на регионот на лош начин. Имаме многу работи да направиме, но направивме многу: го имаме берлинскиот процес, постигнавме многу напредок по наша иницијатива и не смееме да дозволиме сето тоа да се сруши како кула од песок поради апсурдниот развој. на ситуацијата што настана поради апсурдни претензии“, заклучи тој.Рама во пресрет на средбата со Борел.

Претходно Рама се сретна и со претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лејен.

Поврзани новости