Првиот кластер од преговорите на Албанија со Европската Унија кој беше отворен на втората меѓувладина конференција што на 15 октомври се одржа во Луксембург е кластерот „Темелни вредности“ во кој се содржат неколку преговарачки поглавја.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека слави за Тирана, но жали за Скопје. Албанија и Северна Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел. Скопје и Тирана беа ставени во ист политички пакет за преговори со ЕУ, но откако Северна Македонија не ги изгласа уставните измени кои беа услов за одржување на втората меѓувладина конференција, пред две недели ЕУ донесе одлука за Тирана сама да продолжи со преговорите.
Јас морам да кажам дека се чувствувам тажно, и искрено го кажувам тоа, поради фактот што нашата братска држава Северна Македонија, која што уште не може да влезе во оваа фаза, додека тие беа меѓу првите, или пак и првите кои што го започнаа процесот.
Кога зборувам за нашите понижувања, три пати по ред бевме одбивани пред да ги започнеме пристапните преговори, се чувствувам посрамен, затоа што помислувам на Северна Македонија и за нивното посрамување, тие дури го сменија и името за да можат да го започнат ова“, изјави Рама.