361
Албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференцијата со премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски истакна дека не очекува Македонија да се врати во минатото и да се изолира.
„За мене ќе биде фатално доколку има враќање назад. Тоа што е минато, е минато. Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми“, истакна Рама.