Рама: Србија живее во минатото!

by fokus

Премиерот на Албанија, Еди Рама порача дека иницијативата за „Мини Шенген“ ја поддржал само поради доброто на Албанија и Косово, а не во корист на Србија, пренесуваат медиумите од регионот.

Коментирајќи ги изјавите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за масакрот во Рачак, тој истакна дека Србија живее во минатото.

„Скандалозни беа изјавите на Вучиќ за масакрот во Рачак. Но, јас јавно реков дека тоа е поради фактот дека Србија се уште не раскинала со минатото“, истакна Рама.

Поврзани новости