Премиерот на Албанија – Еди Рама денеска во Гранада изјави дека е загрижен за ситуацијата на северот на Косово. Ја оцени како „многу опасна“. Порача дека треба да се преземат мерки пред да биде доцна.
„Сите сме загрижени бидејќи ситуацијата е многу опасна. Секоја година се зголемува потенцијалната опасност, а криминалните активности во областа каде што живее мнозинството од српското малцинство сега целосно се совпаѓаат со политичката агенда“, изјави Рама.
Тој рече дека ЕУ треба да преземе мерки против Србија поради вооружениот конфликт во Бањска, повторувајќи дека Албанија поради тоа првпат во последните 10 години не се усогласи со надворешно политичката одлука на ЕУ.
Косовската претседателка Вјоса Османи со изјава дека се надева оти Шпанија ќе им се придружи на другите европски земји во воведувањето санкции кон Србија поради минатонеделните настани на северот на Косово.
„Нема причина да се сретнеме (со Србија) пред да се воведат санкции“, рече Османи во Гранада.
Тензиите меѓу Белград и Приштина ескалираа на 24 септември кога косовската полиција се судри со вооружена група во селото Бањска, северно Косово.
Еден полицаец и тројца од напаѓачите загинаа.