Албанскиот премиерот Еди Рама денеска во Драч со свој коментар за емиграцијата на Албанците.
Рама наведе дека „денеска Албанија не е во услови да им каже на Албанците кои веќе живеат во странство да се вратат назад”.
„Влеговме во време на војна за човечко месо. Развиените земји ќе дадат се од себе за да привлечат што повеќе луѓе. Затоа, не само што не смееме да изгубиме повеќе работници, туку мора да ги вратиме и оние што избегаа. Но, денес не сме во фаза да им кажеме на Албанците кои се во странство, вратете се затоа што вреди“ – изјави Рама.
Според него „приказната дека сите сакаат да работат во државата има аспект на неинформираност, или да земаат добра плата“.
Рама ги повика претприемачите да се приклучат на иницијативата на Владата за зголемување на платите, како „важен чекор за задржување на човечкиот капитал во Албанија”.