Рама се извини на граѓаните чии лични податоци беа јавно објавени

by Fokus

Албанскиот премиер Еди Рама јавно им се извини на граѓаните чии лични податоци вчера беа објавени во јавност, а списокот содржеше износи на плати, единствени матични броеви и работни места на над 600 000 албански граѓани.

Меѓу нив има и функционери, политичари, вработени во државна администрација како и вработени во приватен сектор, а Рама најави темелна истрага.

Поврзани новости