733
Преку видеопорака, новата година на сите Албанци им ја честиташе премиерот Еди Рама, посакувајќи им здравје и благосостојба во семејствата, но прво упати големо извинување, кое, како што рече, се однесува за се што не можел да направи во годината зад нас.
-Колку побрзо излеземе од секојдневните логори на поделби и несогласувања, повеќе да се слушаме еден со друг, да се зближуваме под знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали со поглед кон европската иднина на Албанија, со цел да си помагаме што повеќе во совладувањето на проблемите и остварувањето на добрите цели, толку побрзо како држава и како албанско братство ќе се искачиме на посакуваниот врв – порача Рама.