Рама победи на делумните избори, една општина за Бериша

by Фокус

Албанските владејачки социјалисти, според досега пребројаните гласови, триумфираа на вчерашните делумни предвремени избори за градоначалници спроведени во шест општини.

По освоеното градоначалничко место во општина Вора, каде се гласаше и пребројуваа гласовите електронски и резултатот беше соопштен час по затворање на гласачките кутии, социјалистите ќе ги предводат и општините Рогожина, Љушња и Пешкопеја а во голема предност е нивниот кандидат во Драч.

Единствено, во Скадар во предност е кандидатот на коалицијата „Дом на слободата”, поточно на крилото на демократите предвоено од Сали Бериша.

Тоа значи дека резултатот остварен на вчерашните избори е најголем удар врз Демократската партија, предводена од Љуљзим Баша.

Поврзани новости