Рама по трагедијата во Белград: Ова се моменти во животот кога сите сфаќаме дека хуманоста е највредното нешто

by Fokus

Премиерот на Албанија, Еди Рама се огласи на Твитер во врска со пукањето во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“.

„Ова се оние моменти во животот кога сите сфаќаме дека нашата хуманост е највредното нешто што ни е заедничко и кога болката и тагата нè потсетуваат на вредноста на заедништвото во добри и лоши времиња. Нека почиваат во мир оние кои починаа“ – напиша Рама на Твитер.

Утрово околу 08:40 часот ученик од седмо одделение пукал во училиштето.

Како што потврдуваат од полицијата, убиени се осум деца и еден обезбедувач.

Шест деца и еден наставник се ранети и во моментов се на лекување во Ургентниот центар во Тиршова.

 

 

Поврзани новости