Новиот план за економски раст е голем тест за зрелост за нас, кој што ние мораме да го поминеме рече албанскиот премиер Еди Рама на денешниот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан.
„Кај ќе бевме денес и на кое подобро место ако ЕУ беше малку посериозна со регионалната интеграција, ако беше малку посериозна со справувањето на вистинските работи, така требаше да биде кога започна берлинскиот процес, кој се случува еднаш во годината и затоа ние почнавме со „Отворен Балкан“. Тоа беше игри на моќ, не само во регионот туку и во Европа. Но она што ние го направивме, ја поттурнавме агендата со договори која што е дел од овој план за раст и за единствениот пазар. Додека чекаме и додека не зависи само од нас за ЕУ да не внесе, тогаш ајде сами да се внесеме“ порача Рама.
Тој нагласи дека не е глупав, но е оптимистичен по вечерата што ја имале вчера во Скопје.