Премиерот на Албанија, Еди Рама се огласи по видеото на кое се гледа како физички турка новинарка. Како што истакна, нема причина зошто би морал да се извини.
„Извинување? Извинување по гнасните лаги додека се се гледа на снимката, а и десетина новинари и камермани се сведоци на единствената вистина дека не само што немаше агресија, туку на прашањето е одговорено трпеливо, иако имаше неетички прекинувања“ истакна Рама на X.
Според локалните албански медиуми, прашањето не му се допаднало на Рама, па физички реагирал.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
Сепак, тој сега тврди дека секогаш е подготвен да одговори на сите прашања.
„Понекогаш и на неетички новинари им ја покажувам целосната подготвеност да одговорам на сите прашања, иако другата категорија е навикната да се меша додека зборувам“, рече тој.
Еди Рама посочи дека медиумите треба да се грижат за „заштита на вредностите на слободата, демократијата и новинарскиот интегритет, не само кога се загрозени од моќниците, туку и кога тие вредности се поткопани од членовите на новинарската заедница“.