306
Албанскиот премиер Еди Рама на панелот на лидерите на Бледскиот стратешки форум, на тема „Солидарност за глобалната безбедност“ рече дека не верува дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ и нагласи дека ЕУ треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.
-Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар и поголем простор за нашите претпријатија, рече Рама.