Рама најави задолжителна вакцинација за студенти и професори: Нема сакам, не сакам

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама најави задолжителна вакцинација на студентите, професорите и сите вработени на универзитетите, со цел да се спречи „ескалација на ситуацијата со Ковид-19“.

– Да не кажете после дека не ви реков, нема сакам не сакам. Велам не постои „сакам, не сакам“ за сите оние кои сакаат да бидат со другите, треба сите да знаат дека одговорност е ако некој не сака да се вакцинира го загрозува животот на другиот. Невозможно е да си дозволиме да имаме непотребна ескалација на бројките и потоа да одиме на мерки што никогаш не треба да се вратат во Албанија, рече Рама при посетата на студентскиот град.

Тој додаде дека ќе биде остварена интензивна комуникација со сите ректорати, со цел да се посочат опасностите што ги носи новата варијанта Делта и оти вакцинацијата за студентите ќе биде задолжителна.

Рама, кој подетално се запозна со условите во Студентскиот град во Тирана, каде претходно Владата одлучи да бидат смести Авганистанците, за што студентите се иселија, сега рече дека ова може и да не случи, бидејќи нивното пристигнување од познатите причини доцни.

– Нивното пристигнување доцни, па можеби нема да биде потребно зашто хотелските капацитети по сезоната ќе бидат ослободени. Но, во сите случаи важно е да биде јасно дека не се работи за отстранување студенти и доведување авганистански бегалци, туку за користење на домовите во време пред почетокот на новата академска година, рече Рама.

Поврзани новости