Рама: Куќата на секој Албанец му припаѓа на Бога и на гостинот

by Fokus

Обезбедувањето безбедно засолниште за оние што бегаат од смртта на талибанците е задача за нас, што ги надминува сите други, вели албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за италијанските медиуми, потсетувајќи при тоа на егзодусот на Албанците.

– Пред 30 години бевме Авганистанци кои бараа гостопримство од другата страна на морето. Ние, во тоа време изгледавме како туѓинци за италијанскиот народ и европското јавно мислење, како што денес изгледаат Авганистанците. Од друга страна, имаме традиција која треба да ја почитуваме. Албанија е единствената европска земја која беше домаќин на Евреите пред и по завршувањето на Втората светска војна. Тоа е кодекс на чест што не обврзува да бидеме гостопримливи. Кодекс, според кој куќата на секој Албанец му припаѓа на Бога и на гостинот, изјави Рама, пренесува АБЦ њуз Албанија.

Поврзани новости