Албанскиот премиер Еди Рама, по денешната седница на владата, изјави дека е донесена „посебна одлука” а тоа е национална консултација за важни прашања поврзани со економијата, општеството, надворешните односи на Албанија.
-Со прашалник што ќе им го ставиме на располагање на сите Албанци, внатре или надвор од државата, ќе му дадеме живот на едно народно собрание каде што ќе го апсорбираме нивното мислење за прашања од стратешко значење за државата, за економијата, за нашето општество.Време е да ги оставиме зад себе замките на политичките судири и да размислуваме за работите што не обединуваат надвор од многуте нешта што не разделуваат, за да направиме важни чекори напред, преку заеднички совети за одлуки кои се важни и кои имаат директно влијание на нашиот заеднички дом, Албанија, рече Рама.
Во тој правец, Рама најави дека биде испратен прашалник до Албанците, каде и да се, за да го отсликаат, како влада, нивното мислење за „Отворен Балкан”
-Отворен Балкан, освен моите убедувања, нашите убедувања како влада, има луѓе кои веруваат дека создавањето на „Отворен Балкан” кој е во функција на регионален и поширок простор, е вистинската работа. Но има и други кои сметаат дека оваа иницијатива не носи придобивки, туку е на штета на Албанија и нејзините национални интереси. Дури и за ова ќе им се обратиме на сите Албанци, за до го добиеме нивното мислење, посочи Рама.