Рама: Ќе бараме одвојување од Македонија ако не помине „францускиот предлог“

by Фокус

Премиерот Еди Рама најави дека доколку не се отворат преговорите за Албанија, следниот ден ќе бара одвојување од македонско-бугарското прашање.

-Се надевам дека резултатот од дебатата во Парламентот на Северна Македонија ќе биде позитивен. Ако е така, Конференцијата дефинитивно ќе биде свикана наскоро. Доколку не биде позитивен, веднаш следниот ден ќе продолжиме да бараме одвојување на Албанија од бугарско-македонското досие. Дефинитивно сме убедени дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година без дискусија – рече Рама на заедничката прес-конференција во Валона со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

Посакувам, додаде тој, парламентот на Северна Македонија да го „отвори патот за предлогот на Франција и двете земји да влеземе во преговори“.

-Но, ова, како што вели и еврокомесарот, не е нешто што го одлучуваме ние, туку суверениот парламент на Северна Македонија. Сакам уште еднаш да истакнам дека му благодарам на комесарот за почитувањето на интеграцијата и финансискиот аспект на Балканот. Нема само патишта туку и железници. Ќе побараме поддршка за новото пристаниште Драч. Побаравме поддршка од инвестицискиот пакет на НАТО – рече тој.

Поврзани новости