Рама им се заблагодари на Албанците и на Меркел

by Фокус

Премиерот Еди Рама, во пресрет на почетокот на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, денеска му се заблагодари на албанскиот народ за трпението на долгиот пат кон европската интеграција и на оние кои, како што рече, и помогнале на земјата на нејзиниот пат до Унијата.

За време на своето обраќање на заедничката конференција во Брисел, тој изрази благодарност до сите земји кои го поддржаа европскиот пат на Албанија.

Притоа, Рама особено ја истакна важноста на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, на која и честиташе бидејќи денес го слави роденденот.

Поврзани новости