558
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва на својот Фејсбук профил објави фотографија од средбата со лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија.
На фотографијата Рама и неговите гости наздравуваат со вино, а тој порача:
-Среќна Нова година на сите Албанци, каде и да се.
Пораката беше пропратена со хаштагот „Албанско братство“.