Рама ги повика граѓаните да го остварат своето право на глас

by Fokus

Албанскиот премиер, Еди Рама, на Фејсбук ги повика граѓаните од шесте општини, каде денеска се гласа за градоначалници, да го „остварат основното демократско право на глас“.

Не изостана коментарот на Рама за воената ситуација во Украина.

„Ги повикувам граѓаните од шесте општини во Албанија каде се гласа денеска, да го остварат основното демократско право на глас и со почит кон оние кои во источна Европа се масакрираат, за да не се изгуби тоа право заедно со демократијата. Ви посакувам мирен неделен ден“, напиша Рама.

Во земјата денеска се гласа за градоначалник во шест општини. Во единствениот избрачки список се запишани 654.538 лица со право на глас, од нив 10.134 треба да гласаат по првпат.

Според Централната изборна комисија, до 11 часот забележана е слаба излезност на гласачите. Најмала излезност има во Драч (2,68 отсто), во Скадар (2,71), во Пешкопеја (3, 16), во Рогожина (4,86), во Љушња (4,87) и во Вора 5 отсто.

Поврзани новости