Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обвинувањата против пејачот Горан Бреговиќ кој настапи синоќа во Корча, наведувајќи дека Бреговиќ бил претворен во „криминалец“ иако не рекол ништо против Албанците и не пеел за масакрите на Милошевиќ.
Однесување на некои ги смета за фашистичка хистерија и срам за албанската историја и традиција, што, според него, воопшто не се разликува од хистеријата на линч на фашистичките групи насекаде во светот.
Посочува дека никој и никаде, не дал ниту еден доказ за да ја оправда средновековната хистерија што избувна против еден од најизвонредните музичари на Балканот.
-Тоа беше фашистичка хистерија, срамна за европската култура на Албанците, исто така и за нашата историја и традиција, однесување кое за жал не се разликуваше воопшто од линч -хистеријата на фашистичките групи насекаде низ светот. Која е разликата, на пример, од оние кои во Србија ја навредуваат Дуа Липа со највалканиот речник на нејзините социјални мрежи, само затоа што таа е горда Албанка од Косово, која излегува завиткана во двете знамиња на нашите земји, со оние што на најниско ниво на нашите социјални мрежи пишуваат за Горан Бреговиќ, третирајќи го како воен злосторник и напразно обвинувајќи го само затоа што пее на српски, наведува Рама на објава на социјалните мрежи каде постира и видео запис од величенствениот концерт на Бреговиќ.