750
Албанскиот премиер Еди Рама во објава на Твитер наведува дека германската влада ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“.
-Германската влада го поддржува „Отворен Балкан“, наспроти она што на луѓето во Приштина и Тирана им го велат оние што не прашуваат за Америка. И не само тоа, бара итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври! Отворен Балкан, според германската влада треба да биде сеопфатна и да, се разбира, треба да биде така. Затоа, вратата е отворена, но ние насила не можеме да вклучиме никого, ниту пак можеме да чекаме додека им се наполни умот на оние кои не сакаат да разберат дека ова е патот на иднината“, напиша Рама.